Верувале или не, добивате бесплатно хотелско сместување на далечниот север (Видео)

На сајтот на hotels.com се нуди целосно бесплатно сместување во некоја од куќите на Гренланд во областа Итоквортормит и тоа во кое било време во текот на март 2019.

Но, има мал предуслов, треба да се стигне до таму. Станува збор за едно од најнедостапните места на планетата со најдолг фјордовски систем на светот. Селото, каде се наоѓаат куќите за сместување брои околу 450 жители, каде нема автомобили, автобуси или какво друго превозно средство. Тоа значи дека се стигнува пешки или со санки.

Сместувањето е во хотел со седум соби кој за прв пат јавно се огласува. Треба само да се плати 1 % од цената на собата и такса за престој.

Инаку, се стигнува до таму со авион до Рејкјавик. Потоа со друг авион до најсеверниот град Акјејри, од каде авион треба да се отпатува час – час и половина до Constable Point, до каде има летови само во вторник и четврток, па потоа со 15 минути со хеликоптер се стигнува на местото каде се наоѓа бесплатниот хотел.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.