Во базените во Барселона дозволено е топлес пливање и сончање

Жените отсега ќе може да се бањаат, да пливаат и да се сончаат топлес на градските базени во Барселона, соопштија градските власти. Откако неколку градски базени им забранија на жените да влегуваат топлес, организацијата против дискриминација Mugrons Lliures спроведе кампања и Градското собрание спроведе истрага.

По завршувањето на истрагата беше донесена одлука дека жените не смее да бидат дискриминирани во однос на мажите и може да бидат топлес на јавни базени.

Портпаролката на Градското собрание на Барселона изјави дека не постои пишан дрес код на градските базени. Таа додаде дека родовата и половата дискриминација се недозволиви во градот Барселона каде капењето топлес не е ништо ново.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.