Во хотел во Финска се спие на -5 степени (Фото)

“Лапланд хотелс”, во соработка со “Ејч-Би-О Скандинавија” и оваа зима во своето Снежно село отвори хотел инспириран од “Игра на тронови”, целосно направен од снег и мраз. Сместено во близина на Китиле, длабоко во Арктичкиот Круг, на час и пол лет од Хелсинки, Снежното село е изградено за само пет недели, а новите 16 апартмани со мотиви од хит-серијата ги дизајнираа професионални скулптори од Русија, Украина, Летонија, Полска, Литванија и Финска.

Новиот хотел има 16 апартмани. Температурата во хотелот изнесува -5 Целзиусови степени, па оттаму препорачуваат во него да се остане само една ноќ, а остатокот од престојот да се помине во околните удобни колиби.

Новина во Снежното село е ледена капела, каде што оваа сезона се планирани околу 30 венчавки. Во селото има и кино во кое може да се погледне краток филм за тоа како е направено, потоа леден ресторан и леден бар, каде што можете да се напиете вотка од чаша направена од мраз. Хотелот ќе биде отворен до 21 април, а цените на собите почнуваат од 480 евра.

Повеќе на Музика24...