Во село во Полска се раѓаат само женски бебиња – награда за машко

Во селото Миејсце Одржанские на југот на Полска веќе 10 години се раѓаат исклучиво женски бебиња. Во селцето живеат само 300 луѓе. Во изминатата деценија се родиле само 12 бебиња, од нив ниту едно момче. За несекојдневниот случај пишуваат и познатите светски медиуми. Претседателот на месната заедница Рајмунд Фришко, инаку татко на две ќерки, понудил парична награда за првата брачна двојка која ќе добие момче.

“Толку многу медиумите пишуваа за нас така што дури и размислував да именуваме улица по првото родено момче. Тоа би бил дефинитивно убав подарок. Ќе засадиме даб и ќе го именуваме по него”, рекол Фришко за британски “Телеграф”. Ваквиот случај ги заинтригирал и научниците кои покажале интерес за ова село, но досега конкретно истражување за генетиката на населението немало.

“Постојано добивам повици од доктори од целата земја со совети како да се зачне момче. Неодамна ми се јави доктор од централна Полска, кој вели дека полот на бебето зависи од исхраната на жената, и дека треба да биде богата со калциум ако сака да роди момче”, изјавил Фришко.

Повеќе на Музика24...