Во Велика Британија наскоро кучињата ќе го откриваат коронавирусот

Истражувачите од Велика Британија се надеваат дека кучињата можат да бидат обучени за откривање на коронавирусот. Британската влада со половина милион фунти го финансира овој проект, со кој кучињата се обучуваат да се обидат да го намирисаат коронавирусот пред да се појават симптоми кај луѓето. Кучиња веќе успешно се обучени за откривање на мирис на одредени видови рак, маларија и на Паркинсонови болести, а новата студија ќе истражува дали лабрадорите и кокер шпаниели можат да бидат обучени за откривање на ковид-19 кај луѓето.

Истражувачите од лондонската школа за хигиена и тропска медицина ќе ја спроведат првата фаза од истражувањето во соработка со универзитетот “Дурхам” и добротворната организација “Медицински кучиња”.

Лорд Бетел, британски министер за иновации, рече дека владата верува дека кучињата “може да пружат брзи резултати како дел од нашата поширока стратегија за тестирање”.

“Нашата претходна работа покажа дека маларијата има посебен мирис и успешно обучивме кучиња за точно откривање на маларија. Ова, во комбинација со сознанието дека респираторната болест може да го промени мирисот на телото, ни дава надеж дека кучињата можат да го детектираат и Ковид-19. Доколку биде успешен, овој пристап би можел да го револуционизира начинот на откривање на вирусот, со потенцијал да скенираме голем број на луѓе”, рече водачот на истражувачкиот тим на проектот, професорот Џејмс Логан, раководител на одделот за контрола на болести на лондонската школа за хигиена и тропска медицина.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.