Знаете ли кои хороскопски знаци не знаат да чуваат тајни?

Астролозите велат дека чувањето тајни никако не им оди од рака на повеќето хороскопски знаци. Сепак, оние на кои најмалку можете да се потпрете дека ќе го задржат за себе тоа што сте им го кажале се луѓето родени во знак на овен, близнаци и стрелец.

Овен

Овните лесно избувнуваат, а кога некој ќе ги налути во состојба се да ги издадат и нивните најмрачни тајни само да ги повредат. Иако поради таквите испади обично подоцна ќе зажалат, нивниот брз карактер ги прави недоверливи.

Близнаци

Озборувањето на близнаците им е омилено хоби, затоа не им ги доверувајте тајните дури ниту ако ви се најдобри пријатели. Но, не им замерувајте премногу, тие секогаш горат од желба да дознаат нешто ново и тоа да го раскажат на другите.

Стрелец

И Стрелците обожаваат да зборуваат, па тие се познати како најзборливи во друштвото. Ако се напијат, тогаш кажуваат и што треба и што не треба, затоа немојте секогаш да им ги доверувате своите тајни.

Повеќе на Музика24...