Знаете ли што е кандуализам?

Светот има нов тренд во сексот и истиот се нарекува “кандуализам”. Се повеќе луѓе се склони кон кандуализам и се почесто се пребарува овој поим на интернет. Од друга страна, истиот кај многумина предизвикува големо чудење. Накратко, во кандуализмот мажот ја набљудува својата партнерка како има секс со друг маж. Кандуализмот го добил своето име по древниот лидиски крал Кандаула, кој скришум му ја покажувал својата гола сопруга на слугата Гиг.

Една од можните причини зошто луѓето ги привлекува кандуализмот е тоа што некои мажи се преоптоварени со сексуално задоволување на својата партнерка. Поради тоа ги привлекува и ваквата воајерска склоност. Тие им дозволуваат на своите девојки и сопруги да бидат неверни и ги гледаат “во живо” за време на самиот чин. Некои експерти тврдат дека станува збор и за еден вид мазохизам.

Во тој случај, мажот може да доживее сексуално задоволство само ако е понижен или чувствува болка. Кандуализмот е феномен кој е раширен воглавно кај мажите, односно многу ретко го сакаат или бараат припадничките на понежниот пол.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.