Знаете ли што всушност значи симболот за блутут?

Сите барем еднаш дневно или пак во неделата знаеме да го вклучиме токму тоа копче од мобилниот и да префрлиме одредена слика или видео на друг мобилен, таблет, лап топ… и слично. Но дали воопшто некогаш сте размислувале што всушност значи симболот за блутут?

Симболот за алатката блутут е направена со комбинација на иницијалите на Харалд Блутут, крал од Данска, кој владеел и со Норвешка во 10 век. Според информациите од старите текстови, тој имал “темен мртов заб”, кој бил со темносина или црна боја. Шведската телекомуникациска компанија “Ериксон” го направила и избрала симболот за нивната технологија во чест на кралот Харалд и неговата способност да ги обединува луѓето и да промовира мирољубиви преговори.

Повеќе на Музика24...