Зошто треба почесто да одите во кино?

Одењето во кино e корисно за вашето тело и има исто влијание на организмот како кога практикувате полесен облик на кардио вежби, смета новата студија. Истражувачите од Универзитетот во Лондон ги следеа отчукувањата на срцето на 51 филмофил, споредувајќи ги со отчукувањата на срцето на групата којашто читаше романи.

Истражувачите открија дека одењето во кино може да ја подобри концентрацијата и да биде добро за срцето. Одењето во кино има придобивки и за физичкото и за менталното здравје. Гледањето комедии е противотров за лошиот ден поминат на работа. Студијата од 2006 година откри дека гледањето на комедии може да го зголеми дотокот на крв во срцето, затоа што помага во проширувањето на крвните садови.

Истражувањето објавено во списанието “Heart” го измери протокот на крв кај 20 учесници додека гледаа драма и комедија. Драмите го намалија дотокот на крв кај 14 од вкупно 20 учесници, додека комедиите го зголемија дотокот на крв кај 19 до 20 учесници.

Одењето во кино може да биде шанса да побегнете од проблемите, но и начин да ги решите и да се соочите со нив. Кинотерапија е поим кој го измисли професорот по психологија д-р. Гари Соломон. Идејата е да гледате филмови кои се одраз на вашата моментална состојба со надеж дека ќе ви помгонат да ја согледате сопствената ситуација од нова перспектива. Психотерапевтот Берни Вудер исто така се залага за овој облик на терапија и на своите клиенти им препорачува да гледаат филмови. Тој смета дека филмовите имаат моќна тераписка улога во самиот процес на лечење.

Повеќе на Музика24...