Амбасадорот на Словенија ќе промовира своја поезија во Скопје

Амбасадорот на Република Словенија во Република Северна Македонија, Н.Е. Милан Јабец ќе промовира на колекција на преводи на поезија „Сјајна ѕвезда со лавовска грива“. Промоцијата ќе се одржи на 10 февруари (понеделник) во книжарницата Матица Македонска од 19 часот.

Амбасадорот Јабец покрај амбасадор е професор и писател. Тој со помош на македонските пријатели подготви уникатен и прв од ваков тип на овие простори – превод на негова поезија на 7 јазици кои се говорат во Северна Македонија.  „Сјајна ѕвезда со лавовска грива“ всушност е комплет од 7 книги со преводи од словенечки на: македонски, албански, турски, српски, влашки, ромски и бошњачки. Издавачи се Матица Македонска и Заложба форма 7 од Љубљана. Продуцент на проектот е Баги комуникации.

Амбасадор Јазбец има објавено над 50 изданија на 13 различни јазици.

Повеќе на Музика24...