Балетот “Шехерезада” со Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили

Во среда 24-ти април, со почеток во Македонската опера и балет ќе ја прикаже балетската претстава “Шехерезада”. Музиката за ова популарно дело е на рускиот композитор, Николај Римски Корсаков. Кореографијата за нашата “Шехерезада” е на познатиот кореограф од Москва, Михаил Крапивин. Сценографијата на Марија Ветероска, а костимите на Маја Бурсаќ од Србија. Мистична, елегантна и егзотична!

Балетска приказна работена по мотивите на приказните од “Илјада и една ноќ” ќе ни ја раскажат балетските првенци Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили (Грузија), солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет. Диригент е Бисера Чадловска.

Повеќе на Музика24...