Битолска премиера на филмот “Дедо и внук” (Фото)

3Д киното – Битола уште еднаш го потврди својот статус на водечко кино внатрешноста на земјава. Вчера вечер битолската публика имаше можност да присуствува на првата проекција на филмот “Дедо и внук” после премиерата во Охрид, ден претходно. На битолската премиера присуствуваа режисерот Илија Пиперкоски, актерката Даниела Ивановска и младиот Наум Цветкоски. Публиката во големата сала на Центарот за култура во Битола која присуствуваше на крај на проекцијата публиката ја награди со долг аплауз.

Благодарение на менаџментот на Центар за култура и 3Д киното, публиката од Битола и околните градови имаат ексклузивна можност да ги следи најновите филмови од светската и национална продукција веднаш после премиера а по некогаш и ден претходно.

Новинар: Филип Етмишовски
Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски

Повеќе на Музика24...