Битолскиот центар за култура донира во Клиничката болница

Центарот за култура од Битола, инспириран од потегот на Националната филхармонија, по добиената согласност од Министерство за култура и Управниот одбор на институцијата, одлучи да се вклучи со донирање на средства од сопствена сметка во висина од 120.000ден на Клиничката болница “Д-р Трифун Пановски” во Битола.

“Ова е можеби симболична сума за битката со Covid-19, но за нас е значајна. На овој начин сакаме да им оддадеме признание на сите наши херои кои работат во  Клиничка болница – Битола, исто како што тие ние даваа безброј аплаузи на многу наши настани како дел од драгата наша публика”, велат од Центарот за култура. Овие средства беа наменети за настани поврзани со јубилејот 40 години од основањето на оваа установа.

Повеќе на Музика24...