Доделени наградите за новинарски текстови на тема “Мостовите на Скопје”

“На другата страна” е насловен текстот на новинарката Светлана Божиновска од ТВ24 кој е првонаграден на конкурсот за новинарски текстови на тема „Мостовите на Скопје“. Втората награда ја доби Јасмина Никова од МРТ за текстот „Рацете што ги спојуваат бреговите и нашите души“, а добитник на третата награда е Светлана Блажевска, новинарка од весникот Вечер за текстот „Скопје тече под сите мостови на Вардар“.

„На другата страна“ ми беше идеја бидејќи секогаш на другата страна може да се најде нешто подобро, нешто поубаво и верувам дека пандемијата што во моментов е приоритет кај нас и во светот ќе остане зад нас и ќе направиме едни нови мостови на соработка и успешност за сите луѓе”, изјави Божиновска на доделувањето на наградите во Македонската опера и балет.

По повод Денот на ослободување на Скопје наградите ги доделува Дирекцијата за култура и уметност во рамки на мултимедијалната манифестација „Денови на европско Скопје“ во соработка со Град Скопје и Канцеларијата на Европската Унија во Република Македонија.

“Ми претставува огромно задоволство да бидам денеска со вас како дел од овогодинешната манифестација „Денови на европско Скопје“. По овој повод би сакал да им честитам на организаторите за реализација на третата едиција на оваа манифестација која што се случува и покрај пандемијата”, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир, кој ги врачи наградите за најдобри новинарски текстови и додаде дека му претставува задоволство што ќе ги прочита, но и сподели текстовите во блиска иднина.

Гир истакна дека мостовите во Скопје не се само дел од уникатната архитектура, почнувајќи од исконскиот Камени мост, но мостовите исто така претставуваат и метафора на премин на идеи, на текот на времето, премин на луѓе и разни култури. Токму тука во Скопје мостот на меѓународната солидарност помогнал во процесот на заздравување од разорниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година.

За вреднувањето на пристигнатите трудови беше формирано тричлено жири во состав на Анче Кузмановска, член на Извршниот одбор на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, Анита Никушева Јованчев, новинарка во Македонската радио-телевизија (МРТ) и претседател на комисијата и новинарката Елизабета Кузмановска. Од пристигнатите десет текстови, жирито првично селектираше пет најдобри трудови, од нив потоа ги избра трите наградени есеи.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com