Електроакустичен концерт на пијанистката Дуња Иванова на платото пред МКЦ

Овој понеделник, со почеток во 21 часот, на платото пред Младинскиот културен центар во Скопје, пијанистката Дуња Иванова ќе одржи солистички  концерт со музиката на исклучителниот германски  композитор Макс Рихтер и делата на македонската авангардна композиторка Ана Пандевска.

На програмата се композициите за соло пијано на Рихтер меѓу кои: Andras, The Family, Departure, Infra 3 напишани во минималистички манир како и музиката за пијано и трака на Пандевска како:  Landscape atmosphere, Life in a box  и Квази Бурлеска.

Концертот претставува дел од Годишната програма на Министерството за култура за 2020 година, а се реализира со поддршка на Младинскиот културен центар – Скопје. Публиката ќе биде во ограничен број, следењето на концертот на предвидена дистанца и со заштитна опрема во согласност со протоколите одредени од Министерството за здравство.

Повеќе на Музика24...