Европски денови на културното наследство 2019

Европските денови на културното наследство претставуваат нajшироко прифатен партиципативен културен настан којшто го споделуваат граѓаните на Европа. Низ повеќе од 50.000 настани што се организираат на годишно ниво во пеесетте земји – потписнички на Европската културна конвенција и повеќе од 30 милиони посетители, ЕДКН како заедничка акција на Советот на Европа и Европската комисија претставуваат единствен пример на иницијатива што потекнува од теренот и се организира со учество на милиони граѓани на Европа. Заедничката тема на одбележувањето во 2019 година, која беше прифатена од повеќето европски земји, е “Уметност и забава”.

Нашата земја, Република Македонија од оваа година се приклучува кон реализацијата на проектот “Европски креатори на културно наследство”. Проектот се реализира од 11-ти март до 14-ти мај. Она што започна како “Креатори на културно наследство” во Финска во 2013-та година и беше прифатено како прекугранична активност од 2014-та година наваму, беше препознаено од страна на Собранието на ЕДКН како иновативна и одржлива можност за активно ангажирање на најмладите. Децата и младите луѓе имаат клучна улога во иднината на заштитата и промовирањето на културното наследство и го претставуваат најзначајниот ресурс за креативни идеи и воопшто, за придонесот кон културата.

Музејот на Република Македонија ги повикува сите деца и млади луѓе од 12 до 18 години да го разгледаат и истражат наследството во својата околина и да ја раскажат својата приказна.

Покрај тоа, Европските денови на културното наследство го објавуваат и повикот за “Европска приказна за културното наследство”, наменет за возрасните граѓани на Европа. Повикот е отворен од 18-ти март, а аплицирањето за учество со испраќање на приказна ќе трае до 18-ти април.

Повеќе на Музика24...