Фестивал на рускиот филм во Кинотека на Македонија (Фото)

По повод 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Русија и Македонија од 4-ти до 28-ми февруари во Кинотеката на Македонија ќе се одржи филмскиот фестивал “Руска зима”. Организатор на оваа манифестација е амбасадата на Русија во Република Македонија.

На отворањето на фестивалот ќе биде прикажан филмот “Ана Каренина – приказната за Вронски”, а во следните денови ќе бидат прикажани 25 класични и современи руски филмови, меѓу кои и “Солартис”, “Андреј Рубљов”, “Сталкер”, “Шетајќи по улиците на Москва”, “Семејни врски”, “Ивановото детство”, “Моја мила и нежна ѕверка” и многу други.

Во продолжение, погледнете ја целосната програма на Фестивалот на рускиот филм:

Повеќе на Музика24...