Изложба “1000 години Бигорски манастир” на фестивалот “Илинденски денови” (Фото)

Во склоп на јубилејното 50-то издание на фестивалот „Илинденски денови“ во културниот центар “Магаза“ во Битола вчера вечер се отвори изложбата “1000 години Бигорски манастир“. Изложбата со благослов на монасите на Бигорскиот манастир ја отвори Маја Андоновска – Илијевски, директор на НУ Центар за култура – Битола.

Изложбата се состои од  реплики на икони, фрески и плаштеница. Подготвена е од членовите на ансамбалот “Македонија“ од Скопје под раководство на проф. д-р Владимир Јаневски, а со подршка на Министерството за култура и Бигорски манастир.

Предвидено е оваа изложба да патува низ целата држава, но и во странство заедно со концертите на ансамбал “Македонија“ кои изведува стари мијачки песни, обреди и ора кои и до денес се пристуни во Бигорски манастир.

Како и на сите настани во склоп на овој фестивал така и за изложбата беа запазени сите протоколи за одржување културни настани.

За Музика24 од Битола: Филип Етмишовски
Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.