“Кармина Бурана” на сцената на Македонската опера и балет

Македонската опера и балет ви ја најавува моќната изведба на најпопуларната сценска кантата “Кармина Бурана” од германскиот композитор Карл Орф. На 27-ми ноември со почеток во 20 часот публиката ќе може да ужива на средба со страста, љубовта и животните радости, како и вечниот сон за среќата, владетелка на светот.

Кармина Бурана со години го привлекува вниманието како на режисерите и кореографите, така и на бројната публика која постојано ја бара на тековниот репертоар. Солисти на операта: Наде Талевска, Андреа Ѕаупа (Италија), Дејан Стоев. Солисти на балетот: Марија Кичевска Шокаровска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Игор Веланоски и Мирослав Митрашиновиќ. Диригент е Емир Нухановиќ (Босна и Херцеговина). Настапуваат хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет.

Повеќе на Музика24...