Концерт на гитарското трио “Елогио“ и симфониски концерт за деца во Филхармонија

Во Камерната сала на Филхармонија во петок, на 8 ноември во 20 часот ќе настапи гитарското „Трио Елогио“, основано од тројца исклучителни гитаристи – Петрит Чеку (Косово), Педро Рибеиро Родригез (Португалија) и Томислав Вукшиќ (Хрватска).  На програмата се дела од Моцарт, Руждјак, Рахмањинов, Шуберт и др.

Триото реализира голем број на концерти особено на европските фестивали. Посебен придонес даваат за зачувување на хрватското звучно творештво, а неодамна го снимија и нивното ново ЦД со дела од Моцарт, Руждјак и Дворжак.

Оваа сабота (9 ноември) во 12 часот во Филхармонија повторно ќе прозвучи симфонискиот концерт „Ну погоди“ кој премиерно се изведе во Градскиот парк во јуни.

Најмладите ќе имаат можност да ја слушнат музиката од популарните култни цртани филмови – „Ну Погоди“, „Балтазар“, „Козле Бозле“, „Мечето Ушко“, „Пинк Пантер“. Музичката изведба ќе биде збогатена со видео проекција на цртаните, а аниматор е Мартин Јордановски.

Филмовите кои ќе имаат можност да ги видат и чујат најмладите, всушност се цртани со кои израснаа нивните родители. Нарацијата ќе ја следи оваа нишка од музичката приказна на цртаните филмови – ќе им укаже на децата дека и нивните родители кога биле деца гледали цртани филмови. Концертот е убава можност да заедничка дружба на родителите со децата преку фантастичните цртани филмови кои имаат одлична приказна и музичка илустрација.

Со оркестарот ќе диригира Џијан Емин, а аранжманите се на Владимир Николов.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.