“Либертанго” во Македонската опера и балет на 3-ти октомври

Приказната за настанувањето на тангото, танц кој настана на улиците на аргентинските градови и ги достигна врвовите на уметничкиот Олимп. Приказна поврзана со историјата на семејството Пјацола и уметничкиот раст на Астор Пјацола со кој се искачи на пиедесталот на светската танцова сцена. Тангото е танц на љубовта, љубовната болка, љубомората, страста. Во среда на 3-ти октомври со почеток во 20 часот на сцената на Македонската опера и балет публиката повторно ќе се сретне со танго танцот во изведба на солистите и ансамблот на балетот на МОБ. Кореограф е Сабрина Боско од Италија, режисер и либретист е Наташа Поплавска, додека костимограф и сценограф е Александар Ношпал. Во изведбата главните улоги ги толкуваат:
  • Асунта Манети Пјацола – Александра Мијалкова
  • Висента “Нанино” Пјацола – Васил Чичијашвили (Грузија)
  • Марија Нивес Раго – Мими Поп Алексова Атанасовска
  • Хуан Карлос Копес – Игор Веланоски
  • Карменсита Калдерон – Наташа Јосифовска
  • Деде Вулф – Саша Ефтимова
Во останатите улоги настапуваат солисти на балетот како и комплетниот балетски ансамбл.
Повеќе на Музика24...