“Мајски оперски вечери” оваа година ќе се одржат онлајн

Оваа година познатата манифестација “Мајски оперски вечери” ќе биде одржана на еден поинаков начин. На официјалниот јутјуб канал на МОБ, публиката ќе има има можност да проследи 10 продукции на Македонската опера и балет, осум оперски и две балетски.

МОБ соопштува дека со почеток, на 9-ти мај ќе можете да ја проследите дигиталната премиера на најновата продукција на операта “Кармен”, на 12-ти мај балетската претстава “Рајмонда”, 15-ти мај “Турандот”, 17-ти мај “Кавалерија Рустикана” и оперскиот концерт по повод 70 години од оперската уметност. На 19-ти мај ќе имате можност да го проследите балетскиот концерт “Балетски бисери”, а на 22-ри мај операта “Фауст”.

На 24-ти мај, по повод празникот Св. Кирил и Методиј ќе имате можност да ја проследите операта “Лидија од Македонија” од Ристо Аврамовски. Операта “Адријана Лекуврер” ќе биде емитувана на 26-ти мај, а операта “Травијата” на 29-ти мај. За крај традиционално, како што и би го завршиле фестивалот Мајски оперски вечери, на 31-ви мај ќе се емитува операта “Аида”.

“Ова е период од годината кога ние, вработените во Националната опера и балет, сме секогаш најпродуктивни и во зенитот на нашата оперска и балетска сезона. За нас, 9-ти мај е најочекуваниот ден во годината, ден до кој доаѓаме по период исполнет со макотрпна работа, труд, но и возбуда поради тоа што не очекува во текот на месец мај. Нам, уметниците, оваа година ќе ни недостига чувството на исполнетост, креативен порив и адреналинот кој го чувствуваме додека сме на сцена за време на нашите претстави. Верувам дека сите емотивно го доживуваме овој период и со нетрпение очекуваме да се вратиме на нашите работни места”, вели уметничкиот директор Бисера Чадловска.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com