“Мајските оперски вечери” продолжуваат, на сцената на МОБ “Лебедово езеро”

Во рамките на 47-те Мајски оперски вечери, на 12-ти мај ќе биде изведен бисерот на балетската уметност и еден од најубавите балети во класичната уметност “Лебедово езеро” на Петар Илич Чајковски.

Во улогата на Одета и Одилија, белиот и црн лебед ќе настапи Маја Махатели од Грузија, додека во улогата на принцот Зигфрид ќе настапи Артур Шестериков од Русија, двајцата првенци на Холандскиот национален балет, со голема балетска кариера. Во улогата на Ротбарт ќе настапи Давиде Буфоне (Италија).

Диригент е Бисера Чадловска, кореографијата е на Виктор Јаременко од Украина, сценографијата на Андреј Злобин додека костимографијата е на Гана Ипатиева. Националната првенка на Хрватска Ирена Пасариќ, како главен репетитор и педагог, за должена е за подготовките и пробите на балетскиот ансамбл. Настапува балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Повеќе на Музика24...