Македонска филхармонија започна со продажба на влезниците за новата концертна сезона

И оваа година нашите соработници од Македонската филхармонија Ве известуваат за начинот на продажба на влезниците за новата концертна сезона 2019/2020 година. Тие велат дека веќе од вчера 9-ти септември се пуштени влезниците за свеченото отворање на концертната сезона.

Како и во изминатите години, и оваа Македонската филхармонија ги нуди следните пакети:

Промотивна сезонска блок влезница, во која влегуваат сите концерти кои се дел од програмата во периодот септември 2019 – јуни 2020 година, вклучувајќи и неколку ексклузивните концерти. Доколку влезниците се купуваат индивидуално, цената за сите концерти изнесува 13.000 денари. Доколку се резервира годишна блок влезница до 15 септември, обезбедувате промотивен попуст од 30 посто и цената изнесува 9.000 денари. Цената на билетите во редовна продажба, пак, по 15 септември, ќе изнесува 10.000 денари. Билетарницата на Македонската филхармонија работи секој ден од 10 до 20 часот, како и во сабота од 10 до 14 часот.

“Со еден од најдобрите пијанисти денес, врвниот Александар Мелников од Русија и славниот маестро Антони Вит од Полска зад диригентскиот пулт, на 26-ти септември со почеток во 20 часот, започнува новата концертна сезона на нашата институција, чиј слоган годинава гласи “Моја бесмртна љубов”, известуваат од Македонската филхармонија. Концертот на отворањето е насловен “Моќта на Заратустра”, а ќе бидат изведени двете грандиозни дела: Концерт за пијано и оркестар бр.1 од Лудвиг ван Бетовен и “Така зборуваше Заратустра” од Рихард Штраус.

Повеќе на Музика24...