Македонска опера и балет гостува во Стара Загора, Бугарија

На покана од Државната опера од Стара Загора, Р. Бугарија, на 4ти декември Македонската опера и балет ќе гостува со операта “Севилскиот бербер” од Џоакино Росини. Македонската опера и балет има чест да настапи на 49to издание на Фестивалот на оперската и балетска уметност во Стара Загора кој започнал во 1967 година под името “Декемвриски музички денови”, иницијатор бил Маестро Димитар Димитров. На фестивалската сцена гостувале истакнати оперски и балетски имиња, како и европски оперски и балетски театри.

Со учеството на Македонската опера и балет во 2015 година и уште 12 оперски театри од регионот е создадена таканаречена Балканска оперска мрежа, со цел да се активира соработката помеѓу различни организации во музичко – сценката уметност.

Освен хорот и оркестарот на Македонската опера и балет, настапуваат: Фигаро: Марјан Јованоски, Розина: Билјана Јосифов, Гроф Алмавива: Благој Нацоски, Дон Базилио: Владимир Саздовски, Дон Бартоло: Невен Сиљановски, Берта: Злата Тошевска, Фиорело: Кристијан Антовски, Амброзио: Саша Смилевски, Камениот човек: Борко Биџовски. Диригент ќе биде Иван Еминовиќ, додека како режисер се потпишува Урсула Хорнет од Австрија.

Повеќе на Музика24...