“Метаморфоза” повторно во МОБ

Во Македонска опера и балет вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи современиот балетски перформанс насловен “Метаморфоза” во кореографија на балерината Ивана Коцевска.

Овој современ балет го проблематизира телото како субјект на состојби и сензации, како збир на афекти. Делото се бави со соматското истражување низ техниките и анти-техниките на телесното, на вертикалното и хоризонталното, симетричното и асиметричното. Работи со позиции и антипозиции, а е јукстапозиција на кохерентното, иако се бави со симетрија и асиметрија во кореографијата, но и во изведбата.

Кореографското интервенирање во просторот не е преку техниката и формите, туку преку нивно генерирање, целта е да се исцртуваат различни позиции на телата кои се менуваат во него. Менувањето во движењето, менувањето на телесното, односно неговото реформирање низ изведбеното, нуди интервенирање во она што е балет, односно нуди нови прегледи на балетското тело како ново, променето и де-вертикализирано.

Повеќе на Музика24...