МОБ и оваа година ви го претставува традиционалниот концерт по повод празникот “Василица”

И оваа година традиционално како и секоја година досега, Македонската опера и балет ќе ја започне со традиционалниот гала концерт по повод празникот “Василица”, односно, 12-ти и 13-ти јануари со концертот насловен “Legends”. Оваа година Македонската опера и балет со овој спектакуларен концерт на публиката ќе и приреди вистинско и незаборавно уживање со изборот на песни од најдобрите музички поп легенди, во целосно нови симфониски аранжмани.

На овој концерт ќе настапат солисти, оркестарот и хорот на Македонската опера и балет. Диригент ќе биде Бисера Чадловска. Доколку сакате и вие да бидете дел од светските музички легендарни хитови имате уште неколку денови да си ја набавите вашата влезница.

Повеќе на Музика24...