МОБ со “Кармина бурана” гостува во Сараево, БиХ

Македонската опера и балет по повод гостувањето во Сараево, БиХ со музичко-балетскиот спектакл “Кармина бурана” оддржа прес-конференција. На прес-конференцијата во Сараево присуствуваше директорот на Македонската опера и балет, м-р Васо Ристов и нашиот сопран Наде Талевска. Претставата беше изведена вчера вечер во салата “Мирза Делибашиќ”, Сараево.

Во овој музичко-балетски спектакл настапуваат 200 уметници. Оперските солисти: Наде Талевска, Андреа Ѕаупа (Италија), Дејан Стоев. Балетските солисти: Марија Кичевска Шокаровска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Игор Веланоски, Мирослав Митрашиновиќ. Хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет. Диригент: Емир Нухановиќ (БиХ). Овој музичко-балетски спектакл на сцената во Сараево се изведува после 30 години.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.