Монашки хорови од Македонија на фестивал во Солун, Грција

Монашкиот хор на Бигорскиот манастир и монахинските хорови “Свети Георгиј Победоносец“ од дебарското село Рајчица и манастирот Пречиста кај Кичево, утре ќе настапат на 8.Меѓународен хорски фестивал, што викендов се одржува во Солун. Древните црковни песни, со кои црнорисците од Бигорскиот манастир и манастирите Рајчица и Пречиста го слават Бога, ќе прозвучат на црковнословенски јазик во Солунската концертна сала, најреномираната музичка институција во северна Грција. Подготви: Филип Етмишовски
Повеќе на Музика24...