На 15-ти март на сцената на Македонската опера и балет – “Риголето”

Македонската опера и балет Ви го најавува бисерот на оперската уметност – “Риголето”, едно од најголемите и најсилни оперски ремек-дела на таткото на операта – великанот Џузепе Верди. 15-ти март (петок) со почеток во 20:00 часот.

“Риголето” на Џузепе Верди е драма на човечкиот живот која јасно, силно и емотивно ги прикажува скриените негативни карактеристики кај луѓето кои ги потиснуваат љубовта, слободата, радоста. Трагична приказна за љубомора, одмазда и жртва. Напишана според драмата на Виктор Иго “Кралот се забавува”, “Риголето” како опера е раскажана со возбудлив музички јазик и нејзиниот успех наназад низ историјата не се должи само на либретото, на трагичната судбина на насловниот лик, туку уште повеќе на прекрасните арии меѓу кои и (“La Donna è mobile”), и на воопшто, убавата мелодиска структура.

Диригент: Бисера Чадловска, Режисер: Нина Најденова од Бугарија. Сценограф: Живојин Трајановиќ, Костимограф: Марија Пупучевска Кореограф: Саша Евтимова, Киро Павлов. Настапуваат: Ристе Велков, Наде Талевска, Зоран Сотиров, Александар Стефаноски, Ирена Кавкалевска, Ернес Ибраимовски, Диме Петров, Катерина Стојановска, Драган Ампов, Дејан Стоев, Ана Ројдева, Десанка Глигоријевиќ, Димитар Кожухаров. Хорот и оркестарот на МОБ.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.