Недела на австралискиот филм во Битола

“Неделата на австралиски филм” ќе биде отворена од страна на Амбасадорката на Австралија Рут Стјуарт, во понеделник (08.04.2019) во 19:30ч. во Мала сала на НУ Центар за култура Битола. На отворањето ќе биде прикажана комедијата “Црвениот пес”, филм кој освоил 11 награди и имал 15 номинации, меѓу кои и награда за најдобар филм на AACTA.

“Неделата на австралиски филм” за прв пат се одржува во Битола и е организирана во соработка со Амбасада на Австралија за Србија, Република Македонија и Црна Гора, и Кинотека на Македонија.

Ќе бидат прикажани пет филмови во периодот од 08 до 12 април. Проекциите ќе се одржуваат во мала сала. Влезот е слободен.

Програма за времетраење на Неделата на австалискиот филм во Битола:

08.04. почеток 19:30 – “Црвениот пес”

09.04. почеток 19:30 – “Џиндабајн”

10.04. почеток 19:30 – “Црниот балон”

11.04. почеток 19:30 – “Чинијата”

12.04. почеток 19:30 – “Ромул, мојот татко”

Повеќе на Музика24...