Објавена програмата за јубилејното 60-то издание на фестивалот “Охридско лето” (Фото)

Во знакот на основоположникот на Охридско лето, оперската примадона Ана Липша Тофовиќ, ќе започне годинешново јубилејно 60-то издание на фестивалот Охридско лето. На 4-ти август ќе блесне сцената на Античкиот театар со концертот на арии насловен како “Вокални бисери – по стапките на Ана Липша” во изведба на светски познатите солисти, Марија Јелиќ – сопран, Дарио Ди Виетри – тенор, Иван Томашев – бас и Аманда Стојовиќ – мецосопран во пијано придружба на Миливое Велиќ.

На отворените сцени, Антички театар, Долни Сарај, Предворје Св Софија, како и Црквата Св Софија од 4-ти до 30-ти август ќе настапат околу 300 уметници од 19 земји, Србија, Италија, Хрватска, Велика Британија, Турција, Франција, Русија, Грција, Германија, САД, Босна и Херцеговина, Полска, Словенија, Косово, Чешка, Албанија и голем број уметници од Република Македонија. Годинешнава јубилејна програма ќе содржи 26 концерти од кои два се во офф-програмата.

“Програмата има прекрасна динамика, од самиот почеток до крајот претставува една голема музичка приказна која ќе го одбележи големиот јубилеј од 60 години на фестивалот и ќе ја прослави уметноста преку различни музички композиции. Ќе чуеме дела од најраниот барок, преку класиката, романтизмот, импресионизмот, до современите светски автори како и дела од македонското класично творештво”, изјави Стојанова.

На фестивалската сцена ќе настапат врвни имиња како пијанистите Наталија Трул од Русија, Кемал Гекиќ-САД, Фукио саксофон квартет од Шпанија, Дуо Улуџан од Турција, косовскиот гитарист Петрит Чеку, Масимо Мерчели флејта-Италија, мецо сопранот Викена Каменица и Мерита Реџа Тершана од Албанија, Келнскиот гудачки секстет од Германија, Ариан Баке обоа Франција, Дуо Солипс, несекојдневен настан е концертот за четири клавири и оркестар кој ни доаѓа од Чешка, од македонската сцена Марија Ѓошевска, хорскиот ансамбл “Про Арс” со маестро Сашо Татарчевски, Гордана Јосифова Неделковска, потоа “Скопје танцов театар” со Рисима Рисимикин, гала оперска  вечер под раководство на диригентката Бисера Чадловска како и женскиот балетски ансамбл и оркестар од МОБ, вечер на Музичка Младина со камерниот оркестар “Саша Николовски Ѓумар” вечер со музиката на македонскиот композитор Томе Манчев (каде ќе настапат Весна Анѓеловска, Маја Шутевска, Љубиша Кировски, Марјан Милошевски, Горан Начевски, Елена Атанасовска, Антоние Весковски) и уште многу ексклузивни уметнички имиња.

Драмската програма започнува еден ден по свеченото отворање, а ќе понуди театарски креации од домашните театарски куќи. На програмата се претставите: “Сестрите прозорови” по мотиви на “Три сестри” од Чехов коавторски проект на Сашо Димоски и Васил Зафирчев во изведба на Театар “Јордан Хаџи Константинов Џинот” Велес, Драмски театар ја носи претставата “Чудесна терапија” по текст на Даниел Глатауер во режија на Димче Николовски, “Човек, ѕвер и доблест” од Луиџи Пирандело, во режија на Егон Савин, Театар Комедија, премиерата “Полковникот Птица” од Христо Бојчев, во режија на Андреј Цветановски во изведба на НУ “Гостиварски театар”, претставата за деца на Театар за деца и младинци “Јованче и Марика” од браќата Грим, во режија на Давор Драгојевиќ.

Фестивалот свечено ќе биде затворен со претставата “Бог на масакрот” од Јасмина Реза во режија на Билге Емин на НУ “Турски Театар”, Скопје кој годинава слави 70 годишен јубилеј.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com