Од 21-ви до 25-ти јуни денови на современ мексикански филм во Кинотека на Македонија

Филмови од поновата мексиканска продукција ќе бидат прикажани во рамки на Деновите на современ мексикански филм, што од 21-ви до 25-ти јуни ќе се прикажуваат во Кинотека на Македонија.

Публиката ќе може да ги погледне филмовите: “Не е виновно детето” според сценарио и режија на Густаво Лоза, “Почетокот на времето” во режија и според сценарио на Бернардо Арелано, “Генерација Спилберг” според сценарио и режија на Хибран Базан, “Кога ќе се вратат децата” во режија на Хуго Лара и “Товар” во режија на Алан Хонсон.

Програмата се реализира со поддршка на Амбасадата на Мексико во Белград, во соработка со Кинотеката. Влезот за проекциите е бесплатен. Повеќе информации за филмовите може да се прочитаат на веб-страницата на Кинотека која гласи: kinoteka.mk

Повеќе на Музика24...