Од утре во Скопје изложбата “Во земјата на змејовите”

По турнејата од неколку европски градови, од утре до 21 април изложбата “Во земјата на змејовите” стигнува и во Скопје. “Во земјата на змејовите” е оригинална изложба, единствената од овој вид во однос на поставка и на изработка. Оваа изложба ги претставува змејовите на сопствен креативен начин.

Изложбата се состои од огромни скулптури на змејови, џиновски јајца на змејови, витешки оклопи и други разоткривања на мистеријата. Изложбата ќе биде претставена во Скопје Сити Мол, а во рамките на програмата ќе се организираат и едукативни тури за најмалите секој петок од 18 до 20 часот, сабота и недела од 13 до 15 и од 18 до 20 часот каде ќе дознаат многу нешта за овие чудесни суштества, како и работилници за деца кои ќе се одржуваат секоја сабота и недела од 12 часот.

Повеќе на Музика24...