Одложен концертот на Македонска филхармонија закажан за 12-ти март

Во согласност со препораката на Владата на Република Македонија за неодржување јавни настани до 13-ти март, Македонска филхармонија го одложува концертот “Музичка драма” кој требаше да се одржи в четврток на 12-ти март. На концертот требаше да настапи канадската сопранистка Миша Бругергосман.

За продолжување на текот на концертите кои се на програмата на филхармонија, институцијата дополнително ќе ја информира јавноста.

Повеќе на Музика24...