Онлајн „Мајски концерти“ наместо традиционалните „Мајски оперски вечери“

Месецот мај за Македонската опера и балет е од особено значење, месец во кој се одржува меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. За жал и оваа година поради пандемијата не сме во можност да го одржиме фестивалот, меѓутоа во чест на „Мајските оперски вечери“ и негово одбележување, Македонската опера и балет ќе одржи серијал на концерти со наслов „Мајски концерти“. Настаните ќе бидат емитувани онлајн на официјалниот Јутјуб канал на Македонската опера и балет, дел од нив и на ТВ 24, како и со надеж дел од настаните да се одржат со присуство на публика, согласно препораките на комисијата за заразни болести.

Прв во серијалот од „Мајските концерти“ МОБ го најавува гала оперскиот концерт „Волшебниот Моцарт“ кој ќе биде емитуван на 9.5.2021г. со почеток во 20 часот, на официјалниот Јутјуб канал.

Концертот е по повод 230 години од смртта на музичкиот великан Волфганг Амадеус Моцарт, еден од најгенијалните композитори во историјата на класичната музиката. Неговиот опус е грандиозен и безвремен, со огромно влијание врз музичкото творештво на многумина знаменити композитори по него во минатото и денес.

На гала оперскиот концерт ќе бидат изведени арии од делата „Дон Џовани“, „Волшебната флејта“ и „Свадбата на Фигаро“ и „Грабнување од сарајот“. Диригенти се Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com