Оперската претстава “Магбет” на 21-ви февруари во МОБ

Македонската опера и балет ви ја најавува изведбата на операта “Магбет” на 21-ви февруари (петок), со почеток во 20 часот. Драма, можеби една од најзначајните на Шекспир, што ги отвора прашањата за човековата психологија, алчност и желбата за власт кои го уништуваат здравиот разум.

Ова е оперското дело со кое Џузепе Верди воспоставува уметничка врска со Шекспировите драми, па правејќи бројни исклучоци од традиционалната италијанска опера и промена во личниот музички израз, ни ја претставува приказната за деструктивноста на човековата природа, преку главните ликови на Магбет и Леди Магбет. Состојбата на нивниот дух која носи фатални последици и загрозува многу човечки судбини, на сцената на Македонската опера и балет ќе ја донесат првенците Борис Трајанов и Весна Ѓиновска Илкова.

Диригентската палка, овој пат е во рацете на маестро Диего Гарсија Родригез од Шпанија, кој не ја крие возбудата за овој негов дебитантски настап пред македонската публика, на сцената на Националната опера и балет.

Во останатите улоги настапуваат: Александар Стефаноски, Никола Стојчески, Катерина Митева, Дејан Стоев, Диме Петров, Борко Биџовски, Марко Гапо, Димитар Кожухаров, хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет. Режисер: Марко Спада ( Италија), Сценограф: Мауро Тинти (Италија), Костимограф: Раде Василев, Кореограф: Олга Панго, Концерт мајстор: Асс. хор мајстор: Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска, Aсс. режисер: Трајко Јордановски, Љупка Јакимовска, Инспициенти: Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ,, Марко Павлевски

Билетите се веќе во продажба на билетарницата на МОБ и онлајн на www.operabalet.mk

Повеќе на Музика24...