Оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт насловен „Бетовен: Редефиниција“

Оркестарот на Македонската филхармонија в четврток, со почеток во 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Бетовен:Редефининција“, на кој како солист ќе настапи виолинистот Јонијан Илијас Кадеша (Албанија/Грција). Со оркестарот ќе диригира маестро Емил Табаков од Бугарија, а на програмата се „Варијации на тема од Хајдн”, оп.56 од Јоханес Брамс и Концерт за виолина и оркестарот во Де-дур, оп 61 од Л.В.Бетовен.

Виолинскиот концерт во Де-дур оп.61 за виолина и оркестар од генијалниот Л.В.Бетовен премиерно бил изведен во Виена во 1806 година. Ова е единствениот виолински концерт на Бетовен и едно од неговите најлирски дела. Напишан е во еден од неговите најкреативни периоди, кога создал многу значајни дела. Му го нарачал виолинистот Франц Клеменет, кој сакал драматично дело за неговиот следен концерт. Бетовен го завршил за кратко време, непосредно пред концертот.

Маестро Емил Табаков (1947) од Бугарија се смета за еден од најзначајните диригенти на овие простори. Јонијан Илијас Кадеша има грчко-албански корени, а живее во Берлин. Неговата изведба се карактеризира со стилска посветеност и егзактна артикулација во интерпретацијата на дела од сите музички епохи. Свири на виолина изработена од Џовани Батиста Гуаданини од 1749 година. Тој секогаш трага по имагинацијата на звукот, постојано барајќи нови звучни хоризонти. Добитник е на повеќе интернационални награди меѓу кои и на натпреварите „Виндзор” и на „Леополд Моцарт”. Како млад виолнист неодамна дебитира со Шкотскиот камерен оркестар, со Ројал филхармоник оркестра, со Новиот руски државен оркестар, под диригентската палка на Јури Башмет, и со камерниот оркестар на Европа. Кадеша веќе настапува на водечките светски сцени и на познати фестивали во Европа. Во неговата концертна агенда за сезоната 2020–2021 година, освен концертот со Филхармонијата на Р.С. Македонија, Кадеша ќе го изведе и Концертот бр. 2 за виолина и оркестар од Шостакович заедно со Државниот симфонски оркестар во Атина и со камерниот оркестар „Лондон Моцарт плејерс”.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com