24 Култура

„Романтична балетска вечер“ в петок во МОБ

На 28-ми мај со почеток во 20 часот, во салонот на Македонската опера и балет ќе биде изведен балетскиот концерт „Романтична балетска вечер“.  Балетскиот концерт опфаќа две балетски дела во кореографија на Аугуст Бурнонвил (Данска) инспирирани од Франција и Шпанија. „Конзерваториумот“ од 1849 година, што претставува омаж на неговата младост и едукативен престој во Франција и „La Ventana (Прозорецот)“ кој ја отсликува неговата страст за Шпанија. Изведбата е поставена и режирана од Ева Клоберг и Франк Андерсен (Данска).  …

Националната опера и балет ја најавува премиерата на „Игри на животот“

Националната опера и балет со задоволство Ви ja најавува премиерната изведба на музичко - сценското дело  на 26.05.2021, 20.00 часот, салон на Национална опера и балет. Главната тема-идеја на проектот е Љубовта, прикажана низ делата на Хендел, Бах, Персел, Рамо. Споени во една приказна Кралицата Шиба, Кралицата самовила, Осман Паша итн. Кои низ своите приказни ни покажуваат како војувале за љубов, се одмаздувале и љубеле безусловно, помирувајќи се со загуба на љубената и по цена на својот живот.  Идејата е на Татијана…

Македонска филхармонија ја заокружува концертната сезона со концертот „Данте“

Овој четврток со почеток во 20 часот, со концертот насловен „Данте“, Македонската филхармонија ја заокружува оваа концертна сезона. На последниот концерт во официјалниот дел од сезоната ќе бидат изведени дела од Фомин, Лист и Пачини, а солист е пијанистот Андреј Гугнин од Русија. Оркестарот ќе го води Габриел Бебешелеа, шеф диригент на Македонската филхармонија. Рускиот пијанист Андреј Гугнин е исклучителен уметник и виртуозен изведувач кој поседува разновидна и префинета техника која и служи на неговата исклучителна…

Македонскиот камерен состав трио “Аура” вчера вечер одржи концерт во Србија

Македонскиот камерен состав трио "Аура" вчера вечер во Србија настапи на 21-от интернационален музички фестивал "Мај месец музике". Триото се претстави со делата од Морлачи, Доницети, Пиацола и Коетсиер, а концертот се одржа во Концертната сала на музичкото училиште, со почеток во 19:00 часот. „Аура" го сочинуваат тројца македонски музички уметници - флејтистот Страшо Темков, пијанистката Ана Гацева и фаготистот Марјан Милошевски. Тројцата работат како професори на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Имаат…

Петок во Филхармонија ќе се одржи концертот „Музичко патување“

„Музичко патување“ е насловен концертот кој ќе се одржи в петок со почеток во 20 часот. На програмата за Концертот за кларинет и виола оп.88 од Брух и Симфонијата бр.4 –„Италијанска“ од Менделсон. Солисти се Здравко Ангелов (кларинет) и Илза Бафтиари (виола), а диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија. Македонскиот кларинетист Здравко Ангелов го започнува музичкото образование на 7-годишна возраст.Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 2000 година во класата на проф. Иван Кочаров, а магистрира во…

Онлајн „Мајски концерти“ наместо традиционалните „Мајски оперски вечери“

Месецот мај за Македонската опера и балет е од особено значење, месец во кој се одржува меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. За жал и оваа година поради пандемијата не сме во можност да го одржиме фестивалот, меѓутоа во чест на „Мајските оперски вечери“ и негово одбележување, Македонската опера и балет ќе одржи серијал на концерти со наслов „Мајски концерти“. Настаните ќе бидат емитувани онлајн на официјалниот Јутјуб канал на Македонската опера и балет, дел од нив и на ТВ 24, како и со надеж дел од настаните да се…

Во Македонската филхармонија ќе се одржи концерт по повод годишината од смртта на Гоце Делчев

Македонската филхармонија в четврток, на 6-ти мај 2021 година, ќе одржи концерт со кој ќе ја одбележи годишината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. На програмата се дела од Григ, Хендл, Маскањи, Моцарт, Сибелиус, Вагнер, Офенбах и Бизе. Како солистки се настапат Илина Митревска и Десислава Тодорова. Диригент е Христо Христов, Бугарија кој досега имал четири настапи со оркестарот на Македонската филхармонија. Последен пат, по истиот повод, на 04 мај 2019 г. Христов е диригент чиј музички талент доаѓа до…

Уште еден музички проект на Бигорскиот манастир (Видео)

Со благослов и иницијатива на епископот г. Партениј, оваа година се реализира уште еден музички проект што се однесува на Страданијата Господови и на Воскресението. Имено, станува збор за музичка и лирска изведба на неколку песнопенија од богатата ризница на православната Црква за Страсната Седмица, аранжирани од г. Горан Трајковски. За составот на изведувачи се погрижи г. Петар Христов, а во него влегуваат: вокал - Ана Митоска, понтијска лира и ребап - Дарко Фурнаџиски, кларинет - Петар Христов, лаута - Горан Дукоски,…

Македонска опера и балет со онлајн премиера на „Стабат Матер“

По повод големиот христијански празник, Воскресение Христово - Велигден, на официјалниот YouTube канал на Македонската опера и балет и на ТВ24 во недела (2 мај), со почеток во 17.45 ч. премиерно ќе биде прикажано возвишеното вокално-инструментално дело на Џовани Батиста Перголези - „Стабат Матер“. Диригент е Бисера Чадловска, Дејан Прошев - режисер, Климент Тодороски - концерт-мајстор. Настапуваат солистите: Катерина Стојановска - сопран, Ирена Кавкалевска - мецосопран, Ивана Коцевска - балетски солист, Оркестарот и Хорот…

Концерт „Камерна приказна” овој четврток во Филхармонија

„Камерна приказна" е насловен концертот кој ќе се одржи в четврток во 19 часот, на кој како солисти ќе настапат Елена Дојчиновска (флејта) и Владимир Лазаревски (обоа). Диригент е Конрад ван Алфен од Холандија, а на програмата се Кончерто да камера за флејта и англиски рог од Онегер и Камерна симфонија оп. 73а од Шостакович (арр. Р. Баршаи).  Додека бил на турнеја во САД, во 1947 година, Артур Онегер добил нарачка од американската мецена Елизабет Спрејг Кулиџ да напише дело за англиски рог. Како солист на ум го имала Луис…
www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com