“Пет става во дур” – концерт на Македонската филхармонија со врвниот пијанист Андреј Гугнин

“Пет става во дур” е насловот на претстојниот концерт на Македонската филхармонија кој ќе се одржи в четврток, на 28-ми февруари со почеток во 20 часот. На последниот концерт на Македонската филхармонија овој месец, како солист ќе настапи Андреј Гугнин, еден од најдобрите руски пијанисти од новата генерација музички уметници.

Повеќенаградуваниот Гугнин, кој критиката ќе го нарече пијанист со брилијантна техника, музичка сензитивност и драматична интерпретација, за македонската публика ќе го изведе елегичниот Концерт за пијано и оркестар бр. во 2 A-dur од унгарскиот композитор Франц Лист.
Диригент на концертот е врвниот маестро Даниел Рајскин од Русија, а оваа вечер ќе бидат изведени и, за прв пат во Македонија, “Марошек танците” од Золтан Кодај, како и Третата симфонија од Петар Илич Чајковски насловена “Полска”, која е единствената симфонија на Чајковски со пет наместо вообичаените четири става, од каде доаѓа и насловот на концертот “Пет става во дур”.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.