Пламенка Трајковска – гудачко трио ќе одржи концерт во Центарот за култура во Струмица

Пламенка Трајковска – гудачко трио ќе реализираат концерт во НУ Центар за култура „Антон Панов“ во Струмица. Концертот ќе се реализира на 22 јуни (вторник) во 19 часот.

Концертот е со наслов „Јубилеи“ и на програмата се дела на композитори кои оваа година чествуваат јубилеи како италијанскиот композитор Томасо Албињони, Камиј Сен Санс, и Астор Пјацола.  Камерниот состав прави пресек на најпознатите дела од овие автори како Адаго од Албињони, Данс Макабре, Лебед од Сен Санс и најпознатите дела од Пјацола како Либеранго , Најт клуб 1960 и други. Сите композиции се во аранжман за камерен состав од Пламенка Трајковска.

Во гудачкиот состав покрај Пламенка Трајковска ќе настапат и Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело. Камерните состави на Пламенка Трајковска активно работат на доближувањето на класичната музика кај најшироката публика и имаат настапувано на сите сцени во Македонија. Тие креираат концерти со класична музика и концерти кои се во модерно класичен стил. Неодамна реализираа концерт во НУ Центар за култура – Крива Паланка со извонреден успех како гудачко трио и со програма во модерно класичен стил.

Последните години интензивно работат на доближувањето на класичната музика до децата и креираат различни концерти за деца како концертите Музика и цртан филм, Што е тоа … гудачки квартет, Моцартисимо и Музика и танц.

Концертот се реализира со помош на Министерството за култура и НУ Центар за култура „Антон Панов“ – Струмица.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com