По средношколците, и студентите од државните факултети ќе одржат концерт во Филхармонија

„Звукот на идната генерација” е насловен концертот со студентите од државните факултети за музичка уметност кој ќе се одржи в четврток (10 јуни) во 20 часот. Диригент е маестро Борјан Цанев, а на програмата се дела од Моцарт, Ботезини, Моцарт, Шосон, Сен-Санс, Розауро и Равел.

Како солисти ќе настапат Ана Спасовска  (диригент III година ФМУ- Скопје, класа: проф. м-р Борјан Цанев), Кристијан Кожумановски  (контрабас IV година ФМУ- Скопје, класа: проф. Александар Поп Христов), Пандорка Јанакиева  (флејта IV година ФМУ- Скопје, класа: проф. м-р Страшо Темков), Дарко Гроздановски (виолина III година ФМУ- Скопје, класа: проф. м-р Олег Кондратенко), Анастасија Гичевска (пијано III година ФМУ- Скопје класа: проф. д-р Марија Ѓошевска), Зорица Здравковиќ  (вибрафон IV година ФМУ- Скопје,класа: проф. м-р Мојца Седеу) и Памела Велкова (виолина III година ФМУ- Скопје, класа: проф. м-р Олег Кондратенко).

Добитникот на македонското признание „Најдобар музички изведувач во 2013 година”, диригентот Борјан Цанев, се смета за еден од најпрефинетите музичари во Македонија. Од 1999 година е постојан диригент на Македонската филхармонија и на чело на овој оркестар постигнува забележителни резултати во својата земја и во странство.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com