Речиси распродадени билетите за детскиот концерт и за концертот “Бакнеж и танго”

Речиси се распродадени билетите за престојните два концерти на оркестарот на Филхармонија. Првиот е “Штурецот и мравката” наменет за најмладите кој ќе се одржи на 8-ми февруари (сабота) во 12 часот. Станува збор за уште еден, премиерен детски концерт кој Македонската филхармонија го реализира во соработка со НЛБ. Диригент е Елена Митревска, аниматор е Мартин Јорданоски, а на програмата се дела од Монти, Пахелбел, Штраус, Бернштајн, Сен-Санс, Елгар, Моцарт…

Вториот концерт за кој се останати уште малку билети е љубовниот концерт “Бакнеж и танго” кој ќе се одржи на 14-ти февруари (петок). Овој концерт е посветен на тангото кое ќе биде презентирано во неговата автентична форма, но и преку фузија со музиката од Балканот. Оваа фузија е препознатлив печат на квинтетот “Белтанго” од Србија кој ќе настапи заедно со оркестарот на Македонската филхармонија и диригентот Мириан Кукунаишвили од Грузија. На програмата се композиции од танго мајсторите Родригез, Скарпино, Гардел, Пјацола…, а ќе чуеме и композиции од Дуке Бојаџиев и Горан Бреговиќ кои се напишани во духот на оваа музика.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com