Културо

“Самсон и Далила” на 15-ти јануари во МОБ

Во вторник, 15-ти јануари со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена балетската претстава “Самсон и Далила”, на музика на Камиј Сен-Санс. “Самсон и Далила” е во кореографија на Роналд Савковиќ (Хрватска), додека во насловните улоги ќе настапат: Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили (Грузија). Во улогата на Крв: Саша Ефтимова, Месо: Ендру Кук (Англија), Церемонијал мајстор: Мирослав Митрашиновиќ и Смрт: Олга Панго. “Самсон и Далила” обработува библиска приказна за вечната борба помеѓу доброто и злото.

Можеби ќе ве интересира: