Седи дома со Македонска филхармонија (Видео)

Македонската Филхармонија започна со емитување на дел од своите симфониски концерти на социјалните мрежи, кои можат да се најдат и на нивниот Јутјуб канал, некои од нив реализирани во соработка со Македонската радио-телевизија.

“Поради состојбата во која што се наоѓа и нашата земја, и поради неможноста да се изведе концертната програма во живо, нудиме алтернативна варијанта за сите оние кои сакаат да уживаат во класичната музика и во изведбите на нашите филхармоничари и исклучителните диригенти и солисти кои гостуваа на сцената на Филхармонија. Серијата емитувања започна со феноменалниот концерт “Моќта на Заратустра” и изведбата на едно од најмоќните дела во класиката – “Така зборуваше Заратустра” на Рихард Штраус, под водство на врвниот маестро Антони Вит”, велат од Македонската филхармонија.

Освен концертите кои се составен дел од официјалната програма, секоја сабота на на Јутјуб каналот и на социјалните мрежи ќе ги емитува и Концертите за деца.

Следуваат уште многу возбудливи музички патувања со оркестарот на Филхармонија, кои се надеваме дека ќе ви бидат дополнителен мотив и сатисфакција да останете дома и да ги почитувате препораките!

#СедиДомаСоФилхармонија

Повеќе на Музика24...