Со гала концерт и изложба Македонскиот балет прославува јубилеј 70 години

“Приказната што почна во 1949-та година, треба да ја негуваме, восприемаме и воздигнуваме секогаш на повисокиот пиедестал во општеството”, велат во Македонскиот балет, што го прославува континуитетот на седумте децении основање.

“Валпургиска ноќ” и “Кармен” ја одбележаа годината што изминува. Грижливо избрани за големиот јубилеј, претставите се приспособени на модерните времиња, во ново руво, со современа нота, поинаку од досега сработеното. Јубилејот на Македонскиот балет на 14-ти декември ќе биде крунисан со гала концерт и со изложбата “Живот во движење”.

Изложбата ги отсликува заедништвото и историјата на балетскиот ансамбл што седум декади создава на сцената. И ќе создава. Поставката “Живот во движење” ќе биде изложена во наредните два месеци во Македонската опера и балет, а се планира и нејзино претставување низ земјава.

Повеќе на Музика24...