Тина Иванова назначена за нов в.д. директор на Македонската филхармонија

Музикологот Тина Иванова е новата в.д. директорка на Македонската филхармонија. Таа доаѓа на местото на Виктор Илиевски кој на оваа позиција беше од 2017-та, а кој поднесе оставка поради заминување во странство, поточно во Брисел, Белгија.

“Од петокот нов в.д. директор на Македонската филхармонија е Тина Иванова, која работеше како продуцент. Виктор Илиески, кој беше директор во изминативе три години, поднесе оставка поради приватно и професионално заминување во странство. Институцијата од името на сите вработени му се заблагодарува за неговите професионални ангажмани и достигнувања“, објавија од Македонската филхармонија.

Иванова, која е поранешен новинар, е добитничка на највисоката државна награда за новинарство и публицистика, „Мито Хаџивасилев-Јасмин“, за монографијата за култното скопско музичко радио Канал 103.

Таа е родена во 1976 година во Скопје. Дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот по музикологија и музичка критика. Досега има објавувано текстови во повеќе македонски списанија за култура. Редовен учесник е на музичко-научната манифестација „Струшка музичка есен“. Член е на Сојузот на композиторите на Македонија. Автор е на книгата „Документ 103“. Во 2013 година ја издаде нејзината втора книга, романот „Кругови“, во издание на „Или-Или“.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com