Томислав Османли ја објави книгата “Нови драми”

Книгата “Нови драми” од македонскиот прозаист и драмски автор Томислав Османли е објавена од книгоиздателството “ВиГ Зеница” од Скопје.

Книгата содржи две пиеси, една со историска, другата на современа тема – “Нишала од злато” е посветена на темите на страста, моќта и суровоста среде стоичката мултикултура на Балканот, а пиесата “Враќање дома” говори за изневерените и заборавени вредности, што ги тера младите да се оттуѓуваат и да заминуваат од земјава.

Пред неколку месеци беа објавени неговите две тематски книги насловени “Драми за Скопје”. На крајот од месецов предвидена е промоција на неговата најнова книга.

Повеќе на Музика24...