“Травијата” на сцената на МОБ на 23ти ноември

 

Моќна, динамична, привлечна, исполнета со емоции и страст се само дел од епитетите за “Травијата” чија изведба ќе биде на 23ти ноември со почеток во 20 часот. Безвременското либрето и живописните ликови на “Травијата” ја сместуваат меѓу најпопуларните и истовремено најинтимните оперски ремек-дела на Џузепе Верди.

Режијата е на Верена Штојбер (Германија), сценограф и костимограф е Софија Шнајдер (Германија). Во главните улоги настапуваат Сања Керкез (Србија), Иван Mомиров (Бугарија) и Горан Начевски. Учествуваат оперски солисти, хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ. Диригент е Бисера Чадловска. Билетите се пуштени во продажба на билетарницата на МОБ: 02/ 3118-451

Повеќе на Музика24...