Вечер онлајн концерт на Брас квинтетот на Филхармонија во чест на Денот Европа

Брас квинтетот на Филхармонија вечерва со почеток во 20 часот ќе одржи мини концерт во пресрет на Денот на Европа (9-ти мај). На концертот ќе настапи и Градскиот дувачки оркестар. Во Брас квинтетот на Филхармонија свират Александар Ниниќ (туба), Благоја Василевски (хорна), Стефан Илиев (труба), Горан Арменски (труба) и Никола Ристевски (тромбон).

На програмата се повеќе дела, а ќе бидат отсвирени и химнaта на Р. Македонија, “Те деум” од Шарпентје (химната на Евровизија) и Бетовеновата “Ода на радоста” врз чии фрагменти се темели химната на Европа.

Концертот ќе може да се проследи на фејсбук каналите на Секретаријатот за европски прашања.

Повеќе на Музика24...